Регистрирани 725 возила со странски таблички

Bez autora
Apr 15 2010

Околу 725 возила со странски регистарски таблички се регистрирани досега. Тоа е за околу 10 отсто од вкупниот број возила увезени во изминатиот период. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се повеќе граѓани се заинтересирани да ги искористат поволностите што се нудат со намалените царини и акцизи. Вкупно имаме околу 725 возила кои досега се регистрирани што претходно имале странски регистарски таблички. Тој очекува во следниот период бројката да се зголеми, бидејќи е планирана информативна кампања со којашто на граѓаните ќе им се предочат предностите на новите законски решенија. Министерот очекува да се интензивира одѕивот кај граѓаните и тие да ги комплетираат потребните документи за регистрација.

Регистрирани 725 возила со странски табличкиОколу 725 возила со странски регистарски таблички се регистрирани досега.

Тоа е за околу 10 отсто од вкупниот број возила увезени во изминатиот период. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се повеќе граѓани се заинтересирани да ги искористат поволностите што се нудат со намалените царини и акцизи.

- Вкупно имаме околу 725 возила кои досега се регистрирани што претходно имале странски регистарски таблички - вели Ставрески. Тој очекува во следниот период бројката да се зголеми, бидејќи е планирана информативна кампања со којашто на граѓаните ќе им се предочат предностите на новите законски решенија.

Министерот очекува да се интензивира одѕивот кај граѓаните и тие да ги комплетираат потребните документи за регистрација. Тој истовремено апелираше граѓаните да ја искористат оваа можност и да не го чекаат септември од кога стапуваат во сила законските одредби согласно кои граѓаните не ќе можат повеќе од шест месеци во текот на годината да ги возат овие возила.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik